Македонија туристт 2012 година ја заврши со добивка од 214 милиони денари или 3,48 милиони евра, што е за 8% повеќе од 2011. Од ланското работење компанијата остварила вкупни приходи од 462 милиони денари што е за 2% помалку од 2011 година но нејзините хотели и ресторани направиле помали трошоци. Холидеј Инн, Бест Вестерн - Туристт, Белвии, Карпош, Јадранн, Водноо и веќе затворениот Бристолл регистрирале трошоци во работењето од 303 милиони денари, за 11% помалку од 2011 година. Добивката по акција изнесува 477 денари, а приносот изнесува 14 отсто од последната просечна пазарна цена на таа акција постигната на Берза. Најголем дел од трошоците на компанијата биле за вработените, за што се издвоени 114 милиони денари, односно 5% повеќе од 2011 година. Обврските на хотелската групација изнесуваат 79,4 милиони денари од кои кредит се 35,7 милиони денари.
Македонија туристт 2012 година ја заврши со добивка од 214 милиони денари или 3,48 милиони евра, што е за 8% повеќе од 2011, покажува најновиот консолидиран неревидиран финансиски извештај.
Од ланското работење компанијата остварила вкупни приходи од 462 милиони денари што е за 2% помалку од 2011 година но нејзините хотели и ресторани направиле помали трошоци. Холидеј Инн, Бест Вестерн - Туристт, Белвии, Карпош, Јадранн, Водноо и веќе затворениот Бристолл регистрирале трошоци во работењето од 303 милиони денари, за 11% помалку од 2011 година.
Добивката по акција изнесува 477 денари, а приносот изнесува 14 отсто од последната просечна пазарна цена на таа акција постигната на Берза. Најголем дел од трошоците на компанијата биле за вработените, за што се издвоени 114 милиони денари, односно 5% повеќе од 2011 година. Обврските на хотелската групација изнесуваат 79,4 милиони денари од кои кредит се 35,7 милиони денари.
Македонија туристт управува со шест хотели во Скопје и три ресторани. Менаџерите поседуваат 30,54 отсто капиталот, а остатокот е во раце на мали акционери.